стадион м.

стадион (м.)

Потоа пак ги чекаа нестрпливо неделните попладниња, за да заскитаат низ полето или да одат на стадионот и да се изразвикаат, од каде се враќаа во вечерите со по една изморена топлина во градите, за сето време продолжувајќи го оној свој ниеднаш непрекинат разговор за светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар? Може? Дозборено?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како добар пример за тој квалитативен популизам веќе не ни се потребни Пјаца Венеција во Рим или Нирнбершкиот стадион.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Професионалците ги полнеа парковите и стадионите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со цел да се одбегнат националните незадоволства, да се оформи мрежа на клубови за уметнички тоталитаризам, да се изведуваат празници на стадиони со пеење на песни од времето на сталинизмот и т. н.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Посочува дека камените блокови на урнатите исламски објекти, заедно со православните и католичките, биле употребени за градба на стадиони и други спортски објекти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На преполни стадиони спектакуларно пристигнуваше со хеликоптер.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не го најдовме „нашиот“ стадион. Не ја најдовме и големата нива каде по една голема дождовна бура ги собиравме налегнатите и неожнеани класови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека во оваа насока беше футбалскиот стадион.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И градскиот стадион го нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Своевремено и ја се палев на утакмици и како млад мајмун одев по стадиони и спортски сали да го бодрам омилениот тим ама денеска сето тоа ми изгледа некако дегутантно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По една недела од договорот во паркот зад стадионот, Томо со своето семејство, татко му, мајка му и сестра му седеа на празната трпеза во домот на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А тој чекајќи ја на клупата под зелениката во паркот зад стадионот, уште од далеку ја забележа нејзината неизбежна среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе постигнеше гол на некој одлично среден германски стадион, спортските странички на весниците вадеа малечка вест за Мартин, секогаш со истата слика, онаа од матурското табло.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А, тие, нашите деца, кога ќе стапнат на зелениот тепих, кој е негуван како англиски стадион, стануваат исто деца како и нивните дечиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека ѕидовите ги криеја, нивниот бакнеж беше поразличен од оние под зелениката во паркот, зад Градскиот стадион.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)