стаи (св.)
Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во песјото место сѐ се стаи, се притаи. Оглувеа стените, онеме и пештерата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стрепереле дрвјата и стените, се стаил ветрот, се притаил воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ме смотка на дното и за корените ме врза. Тоа биле косите од стијата, а стијата стаена на дното.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ќе се стаи и она што
со цедело по грешка
низ пукнатината во којашто
еден живот се должи на друг.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А кога правта се стаи, виде дека таа е единствениот човек што слегол од автобусот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Капиталистот те сотре знај со мотото „рмбај и цицај до крај“ „од сиромав земај на богат му дај“ на конто во странство девизи тој стај
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)