старешинство (ср.)
Се наредија сите по старешинство. Најдолу, се разбира, Суло и Злате протуѓерот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од тоа, да се биде најдоверлив Максимов човек, се нема никаква полза, само повеќе работа и повеќе грижи од другите, но не знае што ќе си стори и не знае што ќе стори друго, засигурно ќе го отепа Хаџи Ташку, ако му рече Максим дека се покажал недостоен и затоа го откажува од старешинството.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но на неколцина старци, не толку високи колку суви, Онисифор Проказник им се сторил постар од своето старешинство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бев поканет од старешинството на Гупешкиот манастир по повод денот Преображение Христово.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)