старовремски (прид.)
Но вие малку знаете и за тоа што е старовремски арамија. Нели?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Една старичка буташе внимателно по правлиот тротоар старовремска детска количка полна со компири, неколку деца шутираа корка од лубеница, едно црвенокосо момче се мачеше да го намести на запчаникот на својот бицикл откачениот синџир.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Навистина, мислеше дека е со нив а не како кога ќе останеше сам крај дрвената барака за да го гледа без рабирање заодот и сѐ под него: невидливите џуџиња во печурките и твриде големоглави бубалки опколени како старовремски војници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Огромна е железничката станица која зафаќа доминантно место на „Монпарнас“ и која со својата својстсвена современа архитектура многу се разликува од старовременскиот амбиент.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Всушност, она што денес тука се гледа, големиот плоштад со старовременски дуќани и продавници, и други зданија, беше уништено до темел: ништо друго не можело да се види освен пеплишта, расфрлени железа, купишта малтер, здробени тули.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А од нивната касарна, таму најгоре на Чауле, како сведоштво за немоќта на војската да се одбрани од ајдутските напади, и ден-денеска се расфрлаат камења и старовремски ќерамиди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Испуканите ѕидови и земјениот под на напуштената крчма ќе беа дел на затвор од старовремски прикаски за некој дрпниќесе или востаник ако празните прозорци ги замрежуваше железо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тогаш во куќата, како нешто што е неизбежно се знаеше за една тајна: горната одаја, лево откако ќе се искачиш по скалите од дебели дабови штици, беше непристапна - дебели алки, низ нив поцрнет синџир со врзани краеви од тежок старовремски катинар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бараа Герасим од Побожјане да раскажува за царски синови и старовремски левенти што со топузи кршеле ѓаволски рогови и прескокнувале со долгоноги бегири огнени реки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го спакува куферот, меѓу уредно наредените кошули и пантолони, ја смести кутијата локум, старовремска, сас слика на источњачки дворац, око чији стубови се пењев ружи, подарок за љубезната секретарка на Студентскиот дом. И замина.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На трагата на религиозното чувство Кроткиот тон во кој веруваме, и потрагата по вистинитоста која ја надраснува и самата стварност, нѐ внесуваат во еден ексклузивен раскажувачки свет во кој царува онаа старовремската побожност која со векови била стожер на нашето битие.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Така, нѐ седна во една од собите каде што иако доста пространа и чиста, имаше само два старовремски каучи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)