старосватица ж.

старосватица (ж.)

Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кумот не би ѝ простил на старосватицата а за некој саат ни на невестата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Денес не само што ќе бидеш моја гостинка, туку и ќе бидеш старосватица. - Старосватица! - се изненади Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Томо, да те запознаам ова е мојата старосватица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Значи, ако јас сум кумот, ти старосватица, ние сме почесните гости на иста венчавка, се досети Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)