стегање ср.

стегање (ср.)

Танкиот врат на измачениот султанов војник не го издржа ни првото стегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изгледа ја боли од моето стегање па ја врти главата кон мене, и обете се гледаме молежливо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рамото ме боли, отепано ми е од стегање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Главата ѝ станува тешка, чувствува стегање на прстен околу клепките и додека во неа продира слаткото фрчење на носињата на внуците, Костадин лелујаво си го зафаќа синоќешното место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Воздухот му продираше во белите дробови и повторно излегуваше заедно со длабоките стенкања што не можеше да ги запре ни стегањето на забите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ја пребираше во главата таа информација почувствува посилно стегање во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наслушкува. И слуша нови грмежи и татнежи и тапо удирање на крвта во ушите, стегање во грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога почна да оди пругоре, почувствува стегање во градите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)