стилски (прид.)
На саемот излагаат и југословенските производители на стилски мебел, кој овде, во Германија, има многу добар прием.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дури сега забележувам дека дервишите кружат околу едно стилско канабе, на кое, во поза на Мме Рекамие, е оптегната нашминканата гимназијалка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Мноштво од тие цртички е составено врз основа на критериумот на тематска сличност или стилска блискост; некаде се следи и хронолошкиот редослед на настаните или на настанувањето на „отпечатоците на хартијата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа беше почеток на една нова стилска навика која го доби името маниризам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Класикот“ за овој број е г-динот Ташко Георгиевски, еден од ретките македонски писатели кој прочитал нешто од светската литература по 1950 година; во неговиот случај не се работи само за „читање“ туку богами и за проникнување во стилскиот феномен наречен „француски нов роман“, кој успеа да формализира одредени ингениозности на Џојс и Пруст.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во секој случај е идиотски да се објави смртта на уметноста, а притоа да се биде и во историска и во практична- животна смисла сведок на уметничката ревитализација, и од трендовско- стилски аспект, и од аспект на самите уметници кои своите дела најпрво ги акцептираат како уметнички надгробни споменици, а подоцна како капитални дела на „новата“ уметност - феникси на новиот живот на уметноста...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во стакатото на искинатите линии, во малкуте скудни потези, тој ги обединуваше симултаните настани на улицата, или во борделот, како што во аглестото изобличување на фигурите футуристичките и експресионистички стилски обележја ги обединуваше се поттиците на детските чкртаници.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И, замислете си го тој занес - в сиромашна соба Без стилски мебел, без големи љубовни зборови, Без јасен поглед во иднината!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во таквите ситуации се случува луѓето да се жртвуваат себеси за да го спасат животот на другите и за да ја одбранат својата претстава за високите морални и хумани вредност, оние кои ја покажуваат смислата на човековото постоење и важноста на потрагата по таа смисла за секое човечко суштество; - Некои раскази доживеаја јазична и стилска редакција затоа што, овој пат, се потрудив да вклучам преведувачи кои направија изворен превод или редакција на преводот според оригиналот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Поезијата е онаа состојба на духот на творецот во која дури и најморничавите мигови од животот се преточуваат во своевидни метафори, алегории или други стилски фигури сосема ненаметливо и спонтано.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
На средината од салонот имаше кафеава стилска маса, ногарките елегантно ѝ се виткаа навнатре.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Затоа тие зборови и не пречат многу, дури кога постои сопствен збор, во тие случаи можат да останат синоними, со понекогаш посебно стилско значење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)