стогодишен (прид.)
Се праша Толе сам и се загледа во гранките на стогодишниот бор крај долчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тие мигови, силно чувствував дека ми останува во наследство, преку овие Таткови книги, во кои целосно, до крајот од својот живот, беше задлабочена и Мајка, да трагам по незавршената фуга на стогодишниот егзил на семејството, ми преостануваше разгатката на тивката тишина на поразот, во која беа супериорни Мајка и Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пелагија со Малечката Пелагија и Мурџо минуваат низ жолтозлатната есен, газат по илјадниците лири истресени од стогодишниот брест онде од товарната платформа, газат по нив и по облата, излижана гранитна калдрма што тежи врз уличката од предната страна на фабриката Мичурин.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Имало жестоки и кравави периоди за време на Османската Империја, задушувани востанија, но немало овде големи стогодишни војни како на Запад помеѓу Англија и Франција, помеѓу Франција и Германија, помеѓу Англија и Шкотска...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)