сторува (несв.)
Тесногрлата цевка зина кон капетанот, темна, злокоба, и тоа го стори како еднаш засекогаш да сторува.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Колку пати ѝ доаѓала желба да појде кај нив дома, да го земе в раце детето, да го гушка, но, не верувала дека би можела да ја разбере таа, другата жена, и не го сторувала тоа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
А тоа Јован Акиноски вака го објаснил: Крушата значи живот, зашто крушата има облик на земја, то ест зашто земјава не е тркалезна ни рамна, како што учат едни или како што учат други, туку има облик на грлеста круша, па кога ќе падне крушата на земја, значи крај на животот, значи изедначување на животот на земјата - од земја јеси и земја се сторуваш.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ми го вади срцето па го става во шамија – во зајак го претвора, го става во цилиндар па го фрла во височина – жолт балон се сторува.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)