стража (ж.)

Стражата“ ќе „капитулира“ и ќе ги земе коњите да ги смести по комшиите, а луѓето ќе влезат дома во куќата, каде што се поставени трпези од горни до долни крај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден од нив го фрли шишето во ѕидот, белки ќе се исплаши оваа лоша „стража“, ама и тоа не помогна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ме прогонеа по полутемните улици. Бегав под реката стража на замрежените светилки и не мислев на својот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Се договоривме веќе - шибај сам.“ „Ти реков - ќе бидам на стража пред домот на највеличествените бројки на глобусот.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МЕТОДИ: Стражата... стражата фатила еден човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Речиси, сите... сите ние, освен вас, ќе спиеме на смена. Заради стражата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Јас свршив. Вечерва, јас прв ќе бидам на стража.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пред вратата на судот пак ја виде познатата слика: вкочането стоеја на стража двајца војници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На сите излези во градот имаше поставено турска стража.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стражата, со финансистите, го запреа Донета. Ги фатија коњите за огламниците и прашаа: - Што носиш, бре ѓаур28) во вреќите?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На врата, на стража, стоеше вооружен стражар. Гоце и Ѓорче му пристапија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Втасаа на една падинка. Далеку напред и назад поставија стража и седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Нивната извидница и стража предвреме нѐ откри и нѐ забраа со камења низ потокот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Тој беше на стража пред градот во Струга.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пред влезот стоеше стража. Меѓу стражата беше и Огнен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Ако има стража, или двајца или четворица се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оној ли крај границите застанат на стража со прастарите куршуми во оружјата нови...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало каде беше сместен аскерот и тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе