стрелање (ср.)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Може да не ја погодам, рекла, веќе стара сум, а со стрелањето во капсат може само ќе ја предизвикам за кога ќе ја креваме, или после некогаш, ако ја оставиме овдека, сама од себе да пукне и да убие некого.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги осудиле по кратка постапка и ги извеле на стрелање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А таа влече со себе подароци што ќе гои има за луѓето секогаш и подоцна, кога по неа ќе дојде друга: Патила, чинови стрелања и бесења, пијанство од слава и мамурлук на пораз.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сме се скукалиле, што се вели, и чекаме да нѐ изведат на стрелање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се зборува за национален отпад и се бараат расни прочистувања и стрелање на противникот како идеолошка хигиена.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Сѐ зависи од тебе“, беше рекол О'Брајан; но тој знаеше дека не постои никаков свесен чин со кој би го доближил стрелањето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше многу деца а имаше и еден син колку мене кој се викаше Камбо и кој подоцна замина со мене во партизани и ме спаси од стрелање.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Присуствував на стрелање на еден Козак само затоа зашто го сокрил коњот, иако кутриот тврдеше дека пред неколку денови му пцоисал, близу Краснодар.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тие години, кога беа пронајдени коските во Долнец, весниците веќе имаа почнато, многу одоколу и срамежливо, да објавуваат по некој збор на поединци, пред сѐ на роднини, за масовно погубување на луѓе, за масовни стрелања без суд.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Долнец пак јас го истражував во поединости, особено по она што го откри Симон, но се покажа дека не може да се најде никаков пишуван документ што би зборувал за долнечкото стрелање. И да имало, тоа било уништено.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сега стана јасно дека злосторот не му давал мир, дотолку што, изгледа, Партијата, интерно, му ставила забелешка што не ја дочекал веќе испратената наредба одозгора во врска со масовните стрелања.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како одговор на сѐ позасилениот разгор на НОБ, бугарските окупаторски сили извршиле повеќе масовни злосторства врз цивилното население во Македонија (стрелањата во: с.Дабница-Прилепско; с. Ваташа-Кавадарско; с.Пуста Кула-Велешко и др.)
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Паметиш, му велам, кога поминавме еднаш покрај местото на стрелањето, како се одделија неколку наши и набраа полско цвеќе и го растурија таму?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред киното постојано, покрај тапкарошите, стоеле наредени како вод за стрелање, семкари.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За да го потврди тоа, изворот го цитира извештајот дека партизаните за време на својата демонстрација во Скопје во корист на одењето на Солун биле уапсени и предложени за стрелање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А тоа, значи, стрелањето или убивањето е занает. Занает е да знаеш да ја употребиш пушката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)