стресе св.
стресен прид.

стресе (св.)

Но, откако порасна направи дела од кои душмански племиња в страва се стресоа...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Си згрнал народ под Гоцево знаме да стресеш ропство и темен гнет в народни срца запалил пламен да фрлат јарем султански клет.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Додека другите војуваа, Еврејчето што беше прво нападнато некако успеа да го стресе од својот грб Петка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мрдаше со рамениците да ме стресе, мавташе со нозете да се ослободи од живото клопче што го тргаше кон земјата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не и го спомена веќе а по две ноќи вратат на неговиот стан ја стресоа силни удари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесено над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Цепенко се стресе. Се сети за пристигањето на Бахтијар-паша во Прилеп и пак му минаа низ умот зборовите на војводата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истата година умре татко му. Аргир се стресе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден ден го стресоа силни викотници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Човекот со брадичката како од сон се стресе, одвај се сети и прошепоте: - Брате Гоце?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој се стресе и се сврте. Зад него стоеја Горјан и Огнен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Земјата се стресе... На Трајчета ушите му оглувнаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дотрча зазбивано во училиштето и коските ни ги стресе од уплав.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се стресе како да сакаше да се ослободи од црн сон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан се стресе од силен страв и бргу се вовлече во колибата, затворајќи ја вратата зад себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се стресов кога другарката Оливера Срезоска, воспитувач и помошник-управител во домот, го залепи за мене.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе