струење (ср.)
Струењето оттаму на свежина, што единствено го храни животот на овие неразбирливи упорни луѓе, е прекинато.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја испружив дланката. Благото, освежувачко струење на ноќта ме водеше кон патоказ - зад портата, зад ѕидините.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Според струењето на ветрот, според тежината на воздухот за дишење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме заплиснува во некои одломки, отсечки, ме подзема како воздушно струење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Или ќе ги извикаат имињата на другите неродени или дамна мртви и одвеани од ветерот што мириса на вино или на сол или тивките струења што го издигаат балонот или ветерот од хемискиот оган.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Страстите во семејството би можеле, значи, да бидат природно премолчени струења, кои не се реализираат во нормално семејство.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Чувствуваше како балонот пијано се занесува под силните налети на воздушните струења.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Лепезите од време на време им се придвижуваат од невидливите струења, а тие исто така им служат како еден вид договарање познат само на рептилите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се чувствуваше како ништожен оклоп, сета виталност од неа беше исцедена, а струењето на животот ѝ беше само танко прокапување.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Камилски во текот на целата година објавуваше статии во списанието со радикално лева тенденција, кај некои членови од редакцијата дури и со проруска, за друга и не можеше да стане збор, освен подоцна кога се појави едно помалку спротивставено на првото, отворено кон модерните, западни струења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)