Струмица име.

Струмица (име.)

Долу, во Струмичко поле. - А што ќе правиш таму? – повторно праша Мече.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
3 Во времето кога двајцата бегалци дојдоа меѓу бригадирците, во Струмичкото поле се биеше голема битка за исушување на злогласното Моноспитовско Блато, кое што со години веќе ги испиваше и луѓето и плодовите на земјата во овој богат крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во Струмица живееше прочуениот зулумќар и богат Турчин Назлам-бег.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сеизот, кога ги виде вооружените комити, се уплаши, веднаш скокна од коњот, ја фрли пушката и ја спрашти да бега по патот кон Струмица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој ден кога на скопската станица се качив во експресот Атина - Дортмунд, во возот имаше педесетина девојки од Скопје и Струмица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од балканската битка е истргнат настанов, време кога во 1912 година Србија, Бугарија и Грција, нешто пред тоа и Црна Гора, ѝ објавиле војна на Турција, а јавнатата Македонија ја бранеле од туѓо зло за свое, под команда на ефендија Али Риза: Вардарската армија на Зеки-паша, Струмичкиот корпус на Али Надир, Северноалбанската војска на Асан Риза, Јужно македонските чети на некојси Таксим, некакви други булуци на аскер и башибозук и богзнае какви сѐ уште регуларни и диви воини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Доколку битните политички фактори го сфатат ова и дозволат канабисот слободно да вирее по полињата на гевгелиско и струмичко заедно со пиперките и доматите, тоа ќе биде крај на мизеријата и невработеноста на оваа истоштена и депресивна земја. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 44
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Подоцна нашиот штаб се премести во Струмица и таму останавме подолго време.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оттука заминав за Струмица во единицата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во овој период британските воени мисии со посебно внимание го следат движењето на германските единици и нивното повлекување и за тоа го известувале својот штаб Force 399 барајќи да се бомбардираат правците Лариса- Лерин- Прилеп и патот Дојран- Валандово- Струмица- Штип.272
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во омилениот зимски центар за најмладите „Бунец“ кај Маврово, во новиот и стариот објект, во првата смена зимуваат околу 650 деца од Гостивар, Скопје, Струмица, Гевгелија, Велес, Кичево, Куманово и Струга.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Денеска тој не беше со илузорната намера да наиде на некого кој ќе му биде водич или било што во работата заради која беше дојден во Струмица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо од Струмица, но иако еве го среде Струмица, имаше чувство дека не ќе може туку-така да се појави кај него на врата и да рече, Знаете, го барам Едо Бранов...јас пишувам роман за него...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ова за жените го кажа откако авторот го праша што би знаел да му каже за Едо Бранов од Струмица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко му на Петре, Благоја, Бајко, Блаже, благ како пипер, беше ковач: дојден во манастирот од струмичката нахија, село Градец, небаре го извади Петрета како копија од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Струмичката жупа, во српското со хрисовула се потврди во имотот на Хилендар, па секоја година на двапати, во половината на септември и во половината на март, сѐ што се збираше од народот се носеше во Хилендар, и тоа беше утврдено со оловен печат за да не се измрда.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓутоа, изразувајќи лојалност кон Византија набргу бил ослободен и поставен за управник на Струмица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бидејќи печатницата работела без знаење на властите, по нејзиното разоткривање од грчкиот владика во Струмица, нејзиното работење било забрането.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според условите на примирјето Бугарија требало да ја напушти Македонија и да ги задржи Струмица и Пиринска Македонија т. е. како демаркациона линија да се воспостави старата бугарско-српска граница од 1915 , пред нападот на Бугарија на Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во тоа време во Македонија започнува и производство на свила , но во јужниот дел: гевгелиско, струмичко, Дојран, Радовиш.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе