судија м.
суди несв.

судија (м.)

А судијата рекл: „Без шаити не бива.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако народниот протест во верските и училишните работи, во кои општините треба да се признаат слободни, се покаже од заинтересираната пропаганда како бунт со државна боја и се бараат државни мерки против бунтовниците, тогаш народот и интелигенцијата треба да се обрнат кон конзулите, како кон арбитражни судии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Децата сите го гледаа под око и, како некои судии, го чекаа да им дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојадци во големи саксии од фајанс.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледнувам кон сведоците. Сега и тие со дигнати раце и со заслепени очи ги повторуваат зборовите на невидливиот судија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Судијата, жолто човеченце со необични очила од многубојно стакло, станува од својот стол со неверојатно висок потпир.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крајните двајца го гледаа строго како судии, средниот ги криеше очите. не стоеше мирно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тоа беше преку денот и стариот судија им рече дека ќе ја разгледа тужбата кога ќе се стемни, зашто дење тој не гледа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Да не умрел судијата? - рече една ластовица.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Одете си вие! - им рече тој. - Ќе ја проучам тужбата, ќе се советувам и со други судии и судот ќе донесе праведно решение.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пространството зад судиите беше набиено со одбран свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жртвата му го одречуваше правото на победникот кој ги испратил тука своите судии и своите сведоци за да го признае пред нив својот пораз.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глас се подигнуваше во него, глас на праведен судија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Турскиот судија, кајмакамот, го праша Гоцета: - Даскале, каде одиш ти ваму-таму?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Децата, синови и ќерки на винари, на рудари и часовничари, на готвачи и градинари, на судии и железничари, на милиционери и лекари, на купувачи и продавачи, на дописници и весникари, на возачи и џокеи- јавачи, децата што сакаат ќе сторат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Скараните мечки првин се погледнаа непријателски, потоа се насмевнаа, му се заблагодарија на судијата и заминаа кон пештерата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојади во големи саксии од фајанс.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе