суровост (ж.)
Марија, обиди се еднаш. Тоа е слатка болка, сѐ друго е горка суровост. Обиди се.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Дотогашната љубезност таа за миг ја преврте во суровост. Почна бесмилосно да ја мачи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сам и суров, во петиците на една рамноправна суровост, знаејќи што треба да стори во секој од идните часови, загледан во снегот, што продолжуваше, иако посмирено, сепак да се црвенее по целата издолженост на таа длабока трага пред него, која што можеше беспогрешно да го одведе на вистинското место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но затоа, се постигнува другата творечка цел: војната да биде одсликана со сета своја суровост и безмисленост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Освен Бојан, кој беше дел од оваа планина, израстен во нејзината дивина, убавина, суровост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Бев бескрупулозен. Со својата суровост и крволочност се обидував да корумпирам и узурпирам.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Господи, каде се изворите што ја однесуваат суровоста и што ги мијат раните?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И очај - острица на незапомнета треска. И суровост, ревење, крици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
6 Со чкртање на коските му се тргале на сонот. Земјата, до суровост со збрчкана кожа, лазела во бранови кон светлоста на ридиштата, кон измамувачката топлина на источната шумичка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Не во чувството – можеби тоа е најдобра вакцина против бесрамната суровост на лицемерието.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во романот Времето на козите, екстерминацијата реализирана од општинската хиерархија, ја претставува суровоста на власта наспроти невиноста на козите и нивните козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дали суровоста на сиромаштијата ја чувствувавте и во училиштето? Во школото немаше богати.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Жената ја порекнува секоја помисла или желба за суровост.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нивната суровост, нивната смелост, веќе се познати во историјата на криминалот...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дури во почетокот на 19-иот век законите што ја забрануваат суровоста спрема животните стануваат дел од англо-американското право.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)