танцува (несв.)
Фатер Бен, ти не знаеш како танцува оваа дама, ти не можеш тоа ни да го замислиш.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во прозорците танцуваа снегулки.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На терасата од хотелот „Аурора“, некогашен дворец на некој австриски или италијански гроф, секоја вечер се танцуваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Коработ се накривува, ајкулите ја танцуваат играта на смртта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Му се чинеше ќе осквернави нешто чисто, возвишено, ако ѝ открие што разбуди таа во него додека танцуваше полугола на подиумот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сонуваше како танцува во Големата сала на детството.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Околните дрвја, белината на снегот, ѕвезденото небо почнуваат да се вртат во ритмот на лудечки валцер. – Вака ги ловам – кикотот неземен, а толку вистинит, опчинувачки танцува низ изместениот простор . . . еден, два, три . . .еден, два, три . . .
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Танцуваа околу него, додека се обидуваше да ги провлече рацете низ облеката.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Танцуваше како пеперутка, лесно, предадено,како да е сама во средината на салата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа пак беше осудена на 12 години затвор затоа што танцувала со некој Французин. Премрежиња разни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Никифор, иако музичар, не знаеше да танцува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веднаш ме облева ритмичен машки мрмор: во средината на просторијата диво танцуваат дервиши.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И излегувам (во повеќето мои песни излегувам), и среќавам (секогаш некого среќавам): исцрпени балерини напатени (по цела ноќ ми танцуваат во сништата).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Кожните фармерки блескаа под светлото. Почна да танцува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Седеле крај оган во кулата и, ситни, измислувале прикаски за големиот земјоделец Рокамболо, а тој, по секоја нивна прикаска, повторувал танцувајќи: „Во мојата цитадела со грстови храна делам!“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И потоа? Заљубените се радувале, саноќ танцувале!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)