татковски (прид.)
Ја издолжи шијата и се насмеа некако од срце, срдечно, татковски.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подгрбавува. Бледа е. И скромна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Учителот благо, татковски, како никогаш досега, го погали по главата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Човечки е да тажиме, синко, - ја положи својата тешка, татковска рака врз неговото раме доктор Коста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стана, па прв се прегрна и се бакна со Антима, потоа со татковска нежност ја прегрна малата Иринка, која, иако причина за оваа веселба, најмалку можеше да сфати што се случува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нестор клисарот го пофати татковски за мишката, го потргна настрана за да го стави капакот на ковчегот и му рече успокојувајќи го: - Што можеш... Судбина... Да не дојде до полошо...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се сеќавам во федералното министерство за надворешни работи постоеше една постојана тркалезна маса на која стари дипломати пред тие што требаше да заминат во нови мисии речиси со татковска грижа настојуваа да им ги откријат сите тајни до детали на односната земја или на дипломатијата воопшто.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба на заминување, цврсто стегајќи ми ја раката, небаре со татковска грижа ми порача: - Внимавајте, млад човеку, како ќе работите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзината облека и чевлите, спакувани во картонски кутии, го натерала Милан да ги однесе во организацијата „Татковски галеб“ за годишниот добротворен прилог на црквата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нему му се присторе дека семејството со оваа купувачка некако стана поцелокупно што, секако, му ласкаше на неговото татковско самочувство.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Настапи татковски, заканувачки. Тоа ме разместува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мнозина од вас знаат дека нема метро со кое да се измери височината на татковската гордост од првороденецот која расте и ден-денес барабар со нашата загриженост за економската криза и општите состојби.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)