тајфа ж.

тајфа (ж.)

Трајковиот дел го зеде Митра да го работи „наполу“, едно за него — едно за неа, оти тие со Стоја се поголема тајфа, та „да може да чкрипне некој и друг лакот за тие црвците децата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во таа тајфа беа седум, а цело село чу само шест пукоти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наместо тоа таа чу како некој од тајфата ѝ рече: „ О, невесто, аманет ти носам.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Неговата тајфа се растури уште првите денови по доаѓањето во Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Остар е, опасен! - почнаа да говорат за него луѓето од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Последните зборови на сопственикот му го открија на Аргира целиот ужас што ја чекаше тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе влезеа в село гостите од Брезница во тајфа, децата со врева ќе потрчаа напред и тета Сандра, зашто куќата им беше овде на патот, ќе ги чуеше клакарчето на Шишмана, знаеше дека нејзините ѝ идат на гости.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сполај му на господ, белки му дојде умот да се прибере да си а гледа тајфата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе продадам, емен, сосем луѓе. Десет тајфи, околу педесет души — сите за работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А што се случило ноќта: качакот Зенула се обидел да влезе во куќата со својата тајфа и да пљачкосува. Во пукањето Маруш го погодил некого.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога влегував во шумава го забележав најмалиот од вашата тајфа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога тајфата, по некоја година, се вратила во Влашко, Коте Клунков беше рекол дека другпат секого ќе го земе со себе на печалба, само не Петрета Маљанов.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе