тесно (прил.)
Долгот кон народот е тесно врзан со долгот кон татковината, зашто поимот народ е тесно врзан со поимот татковина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ништо слично нема. Организацијата е тесно врзана со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Турција, како што се гледа, како да се најде на тесно, па ѝ предложи на Бугарија да се дојде меѓу нив до едно согласување за македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На танкиот врат штркнуваше грленото јаболко: да му беше тесно под гнилата јака на старата кошула.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На ситниот дедо ѓумето му станува тесно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во ѓумето, кренато отаде водата, тесно е и не е многу удобно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гореше Крушево и светеше како факел во ноќта. крај колјата - Тесно им стана на Карчевци, - негодуваа ресенчани, особено жените, кога научија дека Панде, најстариот син, тргнал во Охрид да одбира невеста.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дури откако си го свикна погледот на неа, можеше да му погледне во лицето на денот надвор, што настапуваше, сиот црвен; тој ден се дотркалуваше како огромна црвена кугла, на која ѝ беше тесно дури и под вишното светлосино небо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Лицата ни се скиселија. - Учителка, не е убаво овдека, тесно е.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Сакаш со некој да се видиш, ќе ми вели, веќе тесно ти е дома, секаде ти е тесно, ќе ми вели, никаде не те собира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Празна е постелата, празно е сѐ пред мене, а пак ми е тесно. Никаде не ме собира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И заедно чиниме погледај, погледај нагоре во пилиштата, во небото, па наведни ги очите и загледај се меѓу себе. Како ѕвериња на тесно сретнати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во автобусот е тесно.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Еднаш ме начека на тесно, што се вели, ми го препречи патот и — нема бегање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Руската душа била широка и кај што е најтесно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само цвилам и вртам натесно со главата, го касам до кај што можам да досегнам. Борба за живот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сум толку во тесно што чинам како божем да се сведувам на зрно кое секој час ќе се соземе самото во себеси.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тесно се припиваше како ракавица на долга, кревка шепа, и мирисаше на студеникав, свеж воздух, метал и вселена. Мирисаше и на оган и на време.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Листот е истргнат од некоја тетратка, во неговите широки линии по два реда се напикани, буквите од горниот и од долниот ред како да се допираат, како да се туркаат од што им е тесно.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)