тилје (ср.)
А дождот врни, вејврни, нѐ удира по тилје.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И удираш двапати на лице, еднаш - наопаку, со тилјето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А тоа негово „покрстување“ се состоело во ова: ќе земел еден обичен селски нож чклипитар, ќе го ставел со тилјето на еден камен и ќе удирал, удирал одозгора по сечилото на ножот со друг камен, сè додека да го отапел, а тогаш, кога ќе го направел ножот тап, да не може жаба да заколеш со него, ќе му го дадел на некого од четниците и ќе му заповедал да го непослушникот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тогаш, јас едно удирање со тилјето од секирата, пуздер му ја направив таа главата на кучето.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)