трансцендентален (прид.)
Какви прашања мене ме мачат. Трансцедентални и метафизички!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Наместо да се повикува на оностраното, да се спроведува однадвор, да прибегнува кон трансценденталниот закон, власта под која стојат тие извира од она што се наоѓа од оваа страна на индивидуалниот идентитет, т.е. од колективната душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Следното прашање е очигледно: Ако нештата немаат значење благодарение на означувањето на трансценденталните означени, како тие имаат значење?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Накусо, присутноста е некаков вид на нелингвистички ентитет што служи да обезбеди некој одредувач на смисла; често Дерида го нарекува него трансцендентално означено.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Вистинската религија е Еволуционизмот, базиран врз класичните хуманистички, трансцендентални претпоставки: - Бог не е племенски татко, не е феудален господар, ниту инженерски менаџер на универзумот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)