тривијален (прид.)
„Штом е дадено нејзиното постоење, нејзината иредуцибилност е тривијално следство на нашите дефинициони практики.“ (стр. 124) Главните структурни одлики на нормалната, секојдневна свест споменати од Серл, се состојат од следната дузина: конечни модалитети, единство, интенционалност, субјективно чувство, врската помеѓу свеста и интенционалноста, фокус-позадина, гешталт структура на свесно искуство, аспектот на фамилијарноста, зголемувањето, центарот и периферијата, граничните услови, духовитоста, димензијата на задоволство/незадоволство.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Уште повеќе, маскиран во комерцијална и тривијална литература, овој писателски анахронизам, во најново време, нападно се рекламира на европската литерарна сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Снимките на тривијалните разговори и озборувања што кружеа по Фектори беа исчукани и средени од Боб Коласело, а резултатот на тоа беше книга како некаков компромис помеѓу Глас на Дерида, поради редовите на рефлексивна проза во неа, и синопсис за некаква сапунска опера.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
(Тоа беше начин на кој тие разговараа за работата - грижливи прашања за тривијални работи).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Земете ја Швајцарија, на пример, или Малта, Белгија, или Кипар, Монако, или Сан Марино: сѐ се тоа мали мешлести бебиња со многу капитал и тривијални проблеми; колку се поголеми интересите на разни полови на моќ околу нив, толку грижата за нив е поголема; Хонгконг, Панама, Доминиканска Република, Сингапур, Арапски Емирати, Исланд...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не знам кому му се потребни твоите тривијални досетки!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имаше нешто неприродно -
разлика во времето, грешка во сонот
во жената двојство
ти во едната рака држеше стрип
или викенд роман, со другата
ја тешеше, искуството
не ти помагаше да го прикриеш
„туѓиот говор“, книшкиот изговор
мораш, значи пред тебе животот
се отвора како покладен портокал
дива циклама, праизведба
мораш, значи немаш објективна
причина туку мотив, емотивна мечта
некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8
некоја друга Семирамида или прислужничката
ах, мамката на анонимните жени
отровот на тривијалните судбини
барем да исчезневте сосема
да не морам да го слушам, да не морам
да го повторувам „гласот на ткајачката“
крикот на кросното, јавката на откинатиот
јазик, нејзиниот, мојот
нејзиниот
мојот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Не! Ханс мислеше како да го започне својот најнов расказ, но сфати дека темата на која прво се сети е премногу тривијална.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Прво ќе ве бомбардираат со Цеца 10 дена, после со Душко млекарот, па со инцидентите у собрание па секојдневните тривијални приказни за тоа кој кого заклал со нож, кој се удавил у када и како у Трубарево мајката ја тепала ќерката.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Муабетеа за тривијални теми во кои тој добро се снајде.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)