труење (ср.)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Откако лекарите рекоа дека е некое силно труење и ја сместија Ели во еден кревет, цела ноќ преседовме со Вера крај неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Му кинеле меса и му клавале в уста: „На, јади, отруј се од своето месо! му велеле, кога толку си желен за труење“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Можеби ова тровање ќе ја опамети повеќе да не пуши...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Викнаа лекар и тој се зачуди кога виде дека кај неа настапило тровање од пушење.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Шири пропаганда со западна козја литература за труење и перење на умовите на наивните козари, идните припадници на работничката класа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Долгата употреба на овие средства може да резултира со оштетување на црниот дроб, бубрезите, оштетувања на мозокот и оловно труење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако ваква течност влезе во устата може да дојде до гушење или труење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
После едно труење што му го загрозило животот почнува да слика религиозни слики. 1911 го запознава Џемс Енсор чиишто слики на маски вршат врз него, љубител на демони и тролови, трајно влијание.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оловото е тежок метал, отровен, го оштетува организмот, предизвикува труење и трајни деформации.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Некое гадно труење на крвта. Ете, такво нешто се случило. Ништо друго.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Еден од нив е труење со шака апчиња или евентуално со солна киселина и мора да се признае дека овој начин на самоубиство е доста едноставен ама може да биде заебан доколку ви налета некој у меѓувреме и ве однесе на токсикологија па вашиот живот навреме да биде спасен.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ти се гади? Симптом на труење од хипокризија во контаминираниот простор.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)