трунка (ж.)
Не можеше да изнајде ни една трунка глас, за да им рече дека е добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, наеднаш немаше во себе ни трунка желба, ни да се помрдне, маѓепсан од таа зачмаеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Можеме да кажеме, без трунка сомнение дека само Бог ни го испрати нашиот генерал да го води својот народ во овие тешки времиња кон подобро утре.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Макар што дејството кое го изведуваше како сопствена драма не беше ни тронка заслужно за аплауз.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Првото виртуелно кафе без трунка шеќер го испив зашто - како супер домаќинка - во ниедна тегла немав шеќер.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Секој од нас исполнет со чувство на љубов, среќа, радост што ни ги подари без тронка грижа на совест... јас станувам роб на моите сништа, и доблести...што животот ми го прават како бајка со среќен крај...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)