тужител (м.)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова е само уште еден пример за тоа дека судовите имаат надлежност, а во некоја рака и обврска – спроведувајќи го законот и колективните договори, да ги штитат работничките права – се разбира, само доколку пред нив се покрене спор (Nemo iudex sine actore – Нема судија без тужител!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужителот Ристески покренува и нова тужба за надомест на трошоците и за обесштетување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, според нашето граѓанско процесно право – кога составот на судот или правото на изјавување ревизија зависи од вредноста на предметот на спорот, а предмет на тужбеното барање не е паричен износ, тужителот е должен во тужбата да ја назначи 105 вредноста на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Слично како кај Законот за работни односи, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета,80 така и кај овој закон товарот на докажување паѓа на тужениот доколку во текот на постапката тужителот го сторил веројатно постоењето на вознемирување на работното место (чл. 33).81
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)