тула ж.
тулана ж.

тула (ж.)

Само со тули куќа не се прави! И вар треба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СЛАВЧЕ: Можам, можам, баче Костадине! Можам, да носам вар, тули...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
До својот гроб, ако овие тули може да му станат гроб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие моменти Аргир не беше за него ни лош, ни намќор - а само мајстор, голем, прочуен мајстор, којшто го возбудуваше со секое свое движење, со секој поглед, со секоја соѕидана тула.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Преморен тој ги редеше тулите и постојано си повторуваше во себеси: „Вечерва, вечерва!“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ох, ајде братко! Ми отпадна рамово!... - го подгони оддолу друг работник, свиткан до самите скали, под товарот на тулите, поредени врз дрвеното самарче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа сосема го скрши. На ѕидот Језекил не можеше да стави повеќе ни една тула.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сигурно им успеало да грабнат некоја златна тула од онаа петокатница или да соберат некој златен лист од липите што Малчо ги озлати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Една тула е малку скршена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тула по тула, тула врз тула така се ѕида високиот ѕид.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Секоја работа си има свое А, секое проодување почнува со првиот чекор, секоја зграда почнува да се ѕида од првата тула.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Одекнуваа експлозии тресејќи ги ѕидовите и ронејќи ги тулите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа едноставно ја покажува огромната разлика помеѓу дом и куќа, помеѓу мизерниот физички објект и принципот, создаден не од тули и дрво, туку од мноштво различни емоции насобрани со текот на времето, без некоја посебна причина, без поврзаност со наградувањата и казните.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Две огромни жени, со раце црвени како тула и прекрстени преку утарето, разговараа пред една врата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе