убеден (прид.)
Потоа Спространов објаснува: „Во сегашниве услови… јас лично сум убеден дека сепаратизмот што зафаќа длабоки корени во масите може да стане решавачки фактор, особено ако масите ги поведат луѓе од типот на Мисирков, Дедов, Мишајков и други…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бев убеден, тој човек не нѐ сакаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сите веруваа дека крадецот е Адам но бев убеден дека само јас ја знам вистината.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подгрбавува. Бледа е. И скромна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бев убедена дека татко ми ѝ беше предложил да се пресели сосем кај нас.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Потоа се потсетував како прв пат го видов татко ѝ на Марина со оваа нова жена и како бев тогаш убедена дека татко ми нема да биде никогаш таков… да стори нешто такво.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не бев убедена дека тоа се причините што го тераат татко ми да размислува за женидба.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Другиот ден сите тројца беа убедени дека на рипката нешто ѝ недостасува.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Би можел да ја наречам љубов – откритие, зашто убеден сум дека служејќи и, ќе дојдам до нешто големо.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подргбавува.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но поетот го преколна казната што побргу да се изврши, зошто бил убеден дека со повторното раѓање, уште посилно ќе ја поседува во себе неуништивата љубов.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За најприврзената, единствената која што во мачните изгнанички години страдаше со него по пустите острови, која го храбреше, советуваше, која му роди и отхрани во гордост и топлина два сина – за неа тој беше убеден дека го труе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
По неколку дена, кога сите во градчето биле убедени дека младичот се удавил, тој ненадејно се појавил, освежен, со лесен од и ведро око.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)