угар м.
угари несв.

угар (м.)

Чекаат мили полиња родни, неоран угар стои, плодните ниви ви шират гради, - елате, орачи мои!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Есенен угар нека се бразди, земете плугој, брани, сејте, о сејте загони долги, Еј, народ да се храни!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
На општото гумно, над селото горе вршалица врши, снопје -класје зрело; есенската угар со трактор се оре, - нов живот се раѓа во моето село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Угарта црнее, воловите бегаат по бразда, небарем штрколот ги брка, а тој едвај се гледа по нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
3. ВЈАСА КАКО ЖЕЛКА ПРЕКУ УГАР - крене ноже, бутне грутка, еј гиди!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
По него стана и Куле, но додека тие се фатија за рачиците, Адем се створи пред воловите и почна да се дере: — Што лежите, бре магариња стари, што сте остајле волојте сред угар, а вие лежите на тревата, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Она сум (сега знам!) што го гледам: сенка од црвен трактор едри преку угар. Маргина 36 151
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во последниве години од него немам некоја поголема корист, но подобро е земјата да се работи, отколку да стои угар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)