удави (св.)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- „Ами како се удави сиромашкиот дуовник в море, бре чедо?“ му рекол татко му.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Арно ама залудо што чекал Силјан, чунки дуовникот и сите друзите што беа во гемијата, беа се удавиле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Море, право во Вардар, да се удавам! (Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј, Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А во ракија мачки можат ли да се удават? Ве прашувам, можат ли?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Некој од улицата удавил во нивниот бунар мачка унесреќувајќи го ова семејство повлечено во четири ѕида.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се раскрекал по улица, стопанкин петел, та едвај се одбрани од пците. Ќе го удавеа за големо чудо!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе се наведне над него да се увери дека навистина тие очи се голи и црни на црвено небо, ќе го сфати големото предавство со тој удавен шепот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На таа страна планините мртво лежат под облачното виме; удавени се во сиво млеко.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеќавањето копаше по своето дно а сепак тоа беше прва престава со разбудувањето, тој настан виден во едно далечно детство, во овој ист град, сонлив и удавен во здодевност и замор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А ако не гледа може да падне в бунар. Да се удави.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе. – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тогаш моите добри пријатели, бубачките, тревите и цвеќињата ќе се удават во солзи.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Плеќите ми се прешироки за студеното трико на земјата. „Мануш„, не издржа бессилно да ја удави со ракија маката. „Спреми се за акција. Ќе се движиме по азимут.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го раздели на две половини точно преку срце, го смалакса и ја уби притаената увереност дека ќе дојде едно утро и ќе ги удави во роса и фабрички чад сенишниот зрак и стравот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Или додека ме прогонат (замисли - не како злосторник или никаквец туку како луд!) да ги исклештам своите крмначки заби и да се удавам в ракија?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се нурна во водата и - се удави, сосе куќичка сосе покуќнина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Ќе се удави! - ќе се чуеше престрашен глас на некоја жена што сигурно ова попладне првпат дошла на плажата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)