удар (м.)

Погледот ровја му беше, а ударот гигантски задаван назад и напред — смрт за Албанецот грешен.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нарушувањето на Берлинскиот договор и стамболовскиот режим крстени „самостојна национална” политика на Бугарија, на тоа политичко, каприциозно, неполнолетно недоносче, е втор удар за политичката слобода на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
64. Александар Обреновиќ (1876-1903), кој на 13-годишна возраст го прими кралството во Србија, а на 17 години изврши државен удар и воведе автократски режим што доведе до акцијата на офицерите-завереници на 28/29.5.1903 год., кога тој и неговата омразена жена Драга Машин беа убиени и исфрлени низ прозорецот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И в таја мугра пресна да екне дружна песна на дружните удари - та бијат срца млади и растат силно гради пребликнати со јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До нив допираше нејасна врева од многу гласови, песна и тврди удари по камениста земја.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Понесносно од ударите ми беше неговото потсмевање.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше блед и исплашен како виновник што очекува уште еден удар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се зачудив кога видов дека нападнатите се бранат и ги враќаат ударите со иста разлутеност со која дојдоа посиноците на маштетата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го удри еднаш некаде по главата со раката замавта одопаку, го пречека на другата страна, Мирче падна на земја, а Луман тогаш, во мракот, не гледајќи каде и како, му зареди удари со нозе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото рибата в клунот раскината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Уште пред да истечат и да изгаснат со тап удар во некој ѕид, шлем, или чело, потрча чувствувајќи дека нозете се отплеткуваат од жиците на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На една недела пред свадбата, стрико Благоја го разбудија од сон тешки удари во залостената врата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не и го спомена веќе а по две ноќи вратат на неговиот стан ја стресоа силни удари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа, така разбиени, живееја и умираа за себе ослободувајќи го просторот за други шумови: суво крцкање и сонливи монотони удари на лизгави поткови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Замав, удар, крик. Убиееец! Чиј? Нејзин?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе