умерен (прид.)

Комитетот може да се пофали и со поумерени раководители, но и тие мислеа оти спасението на Македонија е само во духовното обединување, па и господствување на Бугарите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите не ја достигнаа крајната граница на нивните стремежи, но достигнаа таква граница од којашто вистина не може да се оди понатаму, но којашто може да ги успокои поумерените елементи во српското општество и народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Умерените предлагаат мирољубив договор со козарите. Други се за остри санкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Позитивни искуства: во умерени количества, алкохолот во поголем број случаи прави луѓето да се чувствуваат помалку инхибирани, релаксирани и среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие јадеа почесто од сиромашните но умерени Италијани.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бидувајќи умерен оптимист, јас не се сомневам дека во догледно време, сите Ваши укази, што ја лишуваат нашата кутра татковина од нејзините културни достоинства, ќе бидат отфрлени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ѓорѓија се согласи со умерена доза на глумење лутина. По една недела, тој живееше сам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никој не го раствара – сите го лижат. Шими ципела – кондура со умерена каубојска штикла, напред шпицаста и по можност пенчетирана со желевца за да ти звецкаат кораците Ха–Е–Сер – најдобро појачало откако постои човештвото.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Следеше неизбежната, првин радикална, а потем умерена дебургизација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гестовите на нејзините раце секогаш бавно одеа во широчина, според ритамот на нејзиниот умерен глас и начин на раскажување кој секогаш оставаше простор за блага таинственост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)