упорен прид.

упорен (прид.)

А таквото многугодишно упорно работење е пополезно, помачно и поморално од револуционерното. Тоа е поразумно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како младите луѓе што во работењето претпочитаат скокови наместо постепено, но постојано работење во еден ист правец, и младите народи ги претпочитаат скоковите пред постојаната упорна работа во еден ист правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама што може да прави. Оној под огледалана е некаков упорен човек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но старецот е упорен, не попушта. - Влези, повторува повелнички.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Спокојната и упорна решеност на Глигор да го употреби својот живот за постигање на идеалот што беше некогаш највисок врв на кој требаше да слета и Арсо, му се чинеше само неостварен и никогаш неостварлив сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Струењето оттаму на свежина, што единствено го храни животот на овие неразбирливи упорни луѓе, е прекинато.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но набргу, како одговор на тоа негово тешење, пак по неговата дира, зеде да се прибира кон неговото стебло, со едно сосема бесшумно довлечкување на свитканите нозе, познатата прилика на упорниот мршар.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Но студена е, - беше упорна мајка му. – Погледај!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но таа беше упорна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога јас ќе зборував за тоа, таа гледаше да го избегне разговорот и ми се чинеше ако бидам упорна ќе се отуѓи и од мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка ѝ беше упорна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби требаше до крај да останам упорна во својот отпор кон Вера и да не ѝ дозволам на таа туѓа жена да заземе такво место во нашиот живот со Ели, а татко ми како сака нека постапува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- беше упорна мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Еее, не може така, - беше упорен тој. - Мораш да ѝ се извиниш. Појди уште веднаш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе