урамнотежува (несв.)
Сѐ се обрнуваше и урамнотежуваше од сопствениот ветер и гравитација.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Лазаристите имаат право кога верското го урамнотежуваат со лаичкото!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега како да се беше откажала од минатото, и од својата француска и од италијанската врска, како никогаш да не ѝ припаѓало времето со кое си го урамнотежуваше мачното балканско време.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)