усвитува (несв.)
Како да нараснува лавина пред нив, очилата се замаглуваа. Се усвитуваа. Белината од нив скоро чадеше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Црвените жарчиња на цигарите сѐ почесто се усвитуваа, правејќи од целата тишина на ноќта само една растреперена морница на нешто непознато и грдо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ти ја усвитува главата. Мислиш и шамијата ти ја подгорува. Ти ја присмадува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сѐ наоколу се усвитува: и куќите и дрвјата и воздухот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
2 Миодраг Друговац, посочувајќи одделни делови од расказите на Чинго забележува: „ ... Чинго ја усвитува својата реченица, дијалогот му е мошне едноставен, занимлив и неверојатно непринуден, како изделкан во духот на народниот раскажувач...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сега ќе нѐ потпрат на некој ѕид, си велам, ми се усвитува главата и премирам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Животното ја држело главата накривена и со едното око гледало како призрак со два рога, се усвитувало од сувите фрчливи ноздри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И земјата под него се усвитувала. Се тргнал со напор од кој му запукале коските.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но разумот, еден во некој од тројцата по облик исти Онисифоровци, се усвитувал да сфати што се случувало.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)