усно (прил.)
За да може да се направи порамнување и оценување на различно разбраните народни идеали, треба тие да бидат искажани усно или на книга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Некои работи и усно му ги објасни.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа ми ги кажуваше приказните исклучиво усно и само кога ќе ме посетеше во Белград.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Чичко Томе тоа го правеше усно и со тоа се задоволуваше - штом ќе се изнавикаше, одеднаш ќе клапнеше и ќе задремеше седејќи, совладан од черешновицата на Верга.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сѐ се случи или усно или молкум
како воопшто и да не било.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тука пристигаа и заминуваа, се празнеа и одново се полнеа бродови, донесуваа и однесуваа производи, лични и трговски добра, но и луѓе, судбини, надежи, пораки, усно доверени вести и епистоли забележани со писма кои се читаа, се пишуваа, но и се испраќаа на сите можни страни на морската шир. Карер го сврте погледот кон разбрануваното море над кое се пластеа сиви облаци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Покрај поголемата експлицитност на одредбата, ЗИТ (1997) ја предвидува дополнителната поволност работникот своето барање до инспекторот, покрај писмено, да може да го изјави и усно пред него, а новина е воведувањето на можноста инспекциска интервенција да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Процесот почна и, до носењето на пресудата, беа одржани две рочишта за главна расправа.4 Врз основа на доставениот одговор на тужба, како и на поднесената пресметка – адвокатот на Величковски, усно на записник пред судот, го прецизираше тужбеното барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Еден теоретичар дури ги споредува со луѓето кои стојат пред влезот на некој си супер маркет и усно или преку подадени флаери ги известува потрошувачите кон кои продукти треба да го насочат своето внимание.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На ова се надоврзува чл. 30 од Законот кој предвидува дека на вработените во јавниот сектор кои усно или писмено пријавиле сомневање или имаат сознание дека е извршено, или се извршува или е веројатно дека ќе се изврши некое кривично дело против службената должност или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната, им се обезбедува заштита согласно со закон и им се гарантира анонимност и доверливост до степен и до момент до кои тој тоа го бара.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)