уќумат м.

уќумат (м.)

ПАНДЕ: Го минавме уќуматот, никого не сретнавме; стигнавме до Заптијаната, никого не гледаме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Не верувам рече да се појдени ни до уќуматот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Море, шо ќе бидат виа уќумати, мајката? — си велеа селаните, гледајќи разни знакови на капите на службените лица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Притребаа секретари, писари, стражари. Што не треба за уќумат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тие пак, не сакаа да имаат работа со уќуматот, а особено со полицијата, а уште помалку со господин Јачмениќ. Кој ќе чуе, што ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие разбрале од Манифестот дека востаниците биле „против лошите луѓе и уќуматот...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можам да ве пријавам кај уќуматот24).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
_______ 24) уќумат - власт 25) Се мисли на подготовките на востанието во Ерменија и Кипар 26) Се мисли на клучот со кој можат да се прочитаат шифрирани тајни писма од кои Организацијата се служела во преписката
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А сега, — рече Толе, — нека ви е честит новиот уќумат и шо има — да има, тој ќе ви суди и пресудуа, никој нема да оди ни кај бег, ни кај кајмакам, ни паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој не ќе сака да се врате, ете му ги куќите, што знае уќуматот нека прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш си помисли дека можат врзан да го отераат на ујќумат и му ја летна, по другото сокаче, од кај сааткулата, од кај бавчанџиите, по Дабничка Река и покрај Данова Воденица и назад по Пазарџиски Пат стаса назад во Потковицава, што се вели како од праќа фрлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И си додава во мислите И добро е што тогаш не се сети на тоа, зашто во стравот може ќе се излажеше и ќе застанеше, па заптиите врзан ќе го отераа на ујќумат, а таму...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зашто и тие, и војниците сместени најгоре на Чауле не можеа да се одбранат од ајдутите, во 1873-та, кога беа изградени општината и училиштето, се симнаа во Потковицата и горниот кат од општината, речиси целата општина, ја претворија во ујќумат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еднаш, тие и двајцата со Неби-ага му појдоа на церибашата Осман-ага во уќуматот, сега без работа, и пак не излезе дека тие не го почитуваат церибашата, или чувај боже, не му го ценат скапото време, туку баш дека го редат како поважен и од субашата, штом пред него зборуваат работи што не се за уши на еден чауш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа и те викнавме во уќуматов, зашто овој меџлис што го собравме најде еден карар за тебе, ибн Пајко ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
КИРО: Помагам во уќуматот со катастарот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Влегува Велков.) ВЕЛКОВ: Добро утро ефенди Кајмакам. Уште сте овде. Ве барав во уќуматот. Ве чекаат многу луѓе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)