фабрикант (м.)
Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Семејството Лажоски како фабриканти се однесуваа, туку исфрлаа извештаи, шупливи макарони.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Татко ви е фабрикант на сапун, народен книжевник и културен споменик во градов, а јас сум пациент во заводот кој почесно го носи неговото име.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ЈАКОВ: Господине претседателе на литературен кружок, фабрикант на сапун, потпретседател на општина, секретар на друштво за француско славјанско пријателство, почесен член на друштвото за филателисти, откаде во вашата зрела фаза толку омраза за еден луд дилетант?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Што сте вие? Фабриканти? Тутунџии?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)