фишек (м.)
Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе ти скроиме нови бечви, пинци, пушка, вишеци, ќе те дотераме салам комита.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И - понесен од тој ужасен гнев - еден по друг ги испука кон таму сите пет преостанати фишеци во магационот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука беа и десетте фишеци, што ги понесе, шест во пушката и другите четири во џебот, а тоа беше сега сѐ, што му беше потребно среде тие шпели.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Притоа ги прибра сите преостанати фишеци, ги имаше петнаесет, и сите нив, секој поодделно, ги бришеше долго со мрсната крпа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој ги одвитка чергите и однатре се истурија бомби и фишеци за пушки.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Жената ми е пушката малихерка, а децата ми се дробните фишеци...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На прашањето од каде му се бомбите и фишеците, тој велеше дека така вреќите ги купил полни од некој кочанец. Но од кој?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ја стегна под мишка, штркна со затворачот втерувајќи фишек во цевката спокојно рече: - Ќе бројам до три!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
До скоро јас по овие места наоѓав испукани фишеци. Можеби има уште.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја откочи, ја отвори- имаше што да види:внимателно го повлече затворачот назад за да него исфрли фишекот на земја, но затворачот не само што не извлече фишек туку ефрејторот виде дека пушката на Шишмана е наполно празна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. Му го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе. Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не арчете си фишеците, ќе ви требат за утревечер!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште со појавувањето, ја грабнаа кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Така рече татенцето и полека, божем пребројува стари прачки за фишеци, се сврти кон мене.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Шишането е турска пушка со кремен, берданката е со англиско потекло, има еден фишек и мартинката е исто така со фишек, но од француско потекло.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Земеме парче железо продупчено од една страна, или голем фишек, го наполнуваме дупчето со барут, потоа со тап клинец врзан со жицата го затвораме дупчето со барут, а потоа со силно замавнување го удираме клинецот од камен; тој удира во барутот и предизвикува силна експлозија.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)