флота (ж.)
Од Стамбул телеграфираат во разни европски новини (Standard) оти англиската и француската средоземна флота добиле повела да се наоѓаат блиску до македонските води.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие велеа: „Ние не сакаме ни една држава да војува за нас: тие можат просто да ги испратат своите флоти во Солун и да ја принудат Турција да ни даде реформи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како да пловевме сите во големото Медитеранско море, во бродови крај флотите на САД, Франција, Велика Британија, СССР и други, во очекување на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тука беа активните САД, со шестата флота во близина, карши беше Италија, со силни бази на НАТО.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)