форум (м.)
Јас сум голорак и оѕверено и преплашено се движам меѓу тие остри раздижени сабји барајќи барем неколкумина други ненаоружани за членови на мојот Форум за човекови права, но очигледно им пречам на луѓето со мечевите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Меѓувремено членовите на мојот Форум се испоклаа. Пак останав сам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ќе основам и организирам Балкански форум за човечки права.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој си спомнуваше за козите што шетале по римскиот форум, па затоа се залагаше и во нашиот град козите да шетаат слободно, да се здобијат со козји права.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга беше среќен што меѓу татковите книги откри дело од староримскиот поет од Верона, Катул, со слики од римскиот форум по кој слободно шетале кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гласовите на работничката класа и женските гласови не се слушаа во буржоаската јавна сфера; овие исклучени групи мораа да развијат свои, независни форуми на изразување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
92 Појавувајќи се во 18 век во Британија, Франција и Германија, и првично однесувајќи се на дискусии за литературни дела, овие форуми бргу се развиле во институции за политичка дебата и учество во политичкиот живот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Проектот значи создавање форум за стимулирање и размена на нови театарски текстови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)