хаотичен прид.

хаотичен (прид.)

И гледам: една безлична, хаотична глинена маса одново како се обликува во еднаш веќе обликуван израз и како еден видлив бог го надополнува својот невидлив и строг претходник, кој одамна беше ме создал.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И така. Вистинското (врвно лажно) прашање е: Зошто Маргина? и од каде маргини на пајажина?, како што фино забележуваат актуелните холистички и хаотични теории.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога „средиштето” повеќе не се држи, ниту доживувањето на сопственото јас, ниту доживувањето на сопственото тело не можат да го задржат својот идентитет, Muller интегритет и виталност, и индивидуата се стрмоглавува во состојба која на крајот резултира во состојба што, според наше мислење, може да се опише како состојба на „хаотичен не- ентитет”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Отчукувањата на срцето стануваат хаотични и можат да го загрозат опстанокот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Свртете ја славината уште малку и таа веќе никогаш нема да се врати во стабилен ритам; таа станува хаотична.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Придавката „хаотичен“ во употреба влегува дури на преминот од 17-иот во 18-иот век и долго е употребувана за одредување појави и процеси кои што не се во битна врска со бивствувачкото, барем не со она бивство со кое сметаа природните и општественонаучни (историски) онтолошки замисли.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На пример, мама никогаш не остава немиени садови да се грамадат цела недела, па потоа да констатира дека во кујната настапил хаос и тогаш да покрене кампања за санирање на хаотична положба!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зад привидниот ред, багажот во мојот куфер е расфрлан и хаотичен товар на фрустриран провинцијалец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Залудно, оти мислата му се разбистри дури сега, овде, во снегов, во студов, во самотијата на чекорот, во студениот метал на оружјето, далеку од хаотичната пропаганда која го пополни просторот на непостојната заедничка национална идеологија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа беше бодликав, мал и изворен страв, кој отскокнуваше од страшното отсуство на стравувањето пред почетокот на нашава наративно хаотична приказна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во целата оваа сива реалност и судрувањето со недрагите проблеми мора да креираме, пронајдеме, создадеме рамнотежа, контрасна од хаотичното, диво, разулавено секојдневие, за да постигнеме совршен баланс во нас и со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Преку априоризам на хаотичното сетилно спознание и естетската перцепција или аперцепција на целокупната хабитација ја рехабилитирав само-целта на животот и од мноштвото про форми, односи, супстанции, модуси, комуникации за да избегам од загушливоста и монотонијата на секојдневието, избрав имагинарни слики-еквиваленти на стварноста која ја грабев за себе како совршена уметност за себе-вообличување, во несовршените материјални форми што ме опкружуваат и постојат во медиумите (средините) на реалноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)