хемија ж.

хемија (ж.)

Хемијата што ме мачи сега тој ја решил строго и едноставно, со математичка сигурност на култивиран и припитомен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А хемијата денеска тоа го прави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да ја разгледаме идејата дека ние не сме способни потполно да ја совладаме неорганската хемија бидејќи сме направени од органски соединенија; или дека никогаш во потполност нема да го сфатиме „зеленото” бидејќи нашите крвни зрнца се црвени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прво имаат една година настава по физика, ботаника и хемија, а потоа сецираат мртви човечки тела во рамките на предметите анатомија и физиологија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Една година физика, хемија, ботаника и биологија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потоа радосно чепка од носот, од животот, од римите: - Љубов или хемија, кај мормоните работат ли повеќе хормоните?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислам дека се викаше „хемија на желбата“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во текот на изминатите неколку години научниците собраа мноштво докази кои укажуваат дека самоорганизираната критичност игра посебна улога во многу сложени системи, од хемија до геологија и биологија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И реакцијата на моите сестри можам само да ја претпоставам оти тие доаѓаа од богатата рамница и од богатото село и од убавата куќа во улицата Лазо Колишевски број 10 во која се спиеше во чисто варосани и големи одаи на дрвени кревети, а знаеја и тоа дека таму имав кревет во кој сам сум спиел и една одајка од неколку квадрати со рустикална маса над која сум ги правел првите белешки од мојот Дневник, а и некои експерименти од физика и хемија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој е премногу паметно и силно дете. Вистински вундеркинд. Во основно училиште беше најдобар по математика, физика, хемија, физичко и музичко.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За да постои љубовта неопходно е постоење на хемија. Потоа е потребна и физика, а за праење деца љубовта преминуе у биологија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Математика, физика, хемија, географија, астрологија. Добри толкувачи се на знаци и симболи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа аксиома отпаѓа и во хемијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„А третото прашање?“, ја гледам и чекам, белки било од хемија, физика... па душата ѝ ја вадевме со клетки, ткива, органи по биологија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама ако е сам, може е некој чудак, или будала, ама, ме свиѓа, му ја чувствувам хемијата, и оној тик го има само мене кога ќе ме види. Инаку, не трепка со другите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Хемијата меѓу нас стивнуваше, мостот меѓу нас се замагли.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бегство од депресија која убива е тешко. Не помага, хемија, ни љубов, ништо реално, мозокот не собира.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)