хипнотизира (св. и несв.)
Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога ѝ додава тенки мустаќи на Мона Лиза, тој вели: „Не се хипнотизирајте со вчерашните насмевки. Измислете насмевки за иднината.“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На екранот се редеа сцени со Горбачов, долгочасовни емисии со хипнотизерот Кошпировски, кој преку екранот ги хипнотизираше милионите советски гледачи, и мрзеливи сцени од некои емисии за вкусно аранжирање на храна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Да“, одговарам, хипнотизиран од тоа како настануваат зборовите, како вода на јазикот, и паѓаат надолу, во воздухот, со воздржана убавина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Девојчето ги пружа рацете во правец на очите на момчето, како да се обидува да го хипнотизира.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
МАТЕЈ: Си успеал ли некого да хипнотизираш со овие твои глупости?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Низ глава ѝ мина помислата дека змиите поседуваат подмолна моќ да маѓепсуваат зајаци, пругасти верверици и други мали суштества, и дека можат да хипнотизираат дури и птици, и да ги натераат сами да им влетаат во отворените усти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ладниот поглед и метален глас ја хипнотизира Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)