хохштаплер (м.)
Домашните регименти на мрачњаци и хоштаплери во поново време се пополнуваат со странци коишто во нашите медиуми ги заговараат сталинизмот, старорускиот палеолитски шовинизам, масовната директна акција, тевтонските фашизми, перонистичките популизми, пиночеовскиот милитаризам, изолационизмот, националсоцијализмот на кафеани и работнички хали.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Краста: Да, да. Баш тој Беки кој во филмовите глумеше хоштаплери, што впрочем и не му беше тешко зашто и самиот беше таков.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Ако Бог не постои, а судот го прогласи дека не ебавал малолетнички, пред кого ќе одговара тој хоштаплер?
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Штотуку ми тргна у ебаниов живот, а дедо ми тежок хоштаплер матер им ебал на еден куп млади брачни двојки. - Да се немало усул бе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)