цвикне (св.)
Само да чујат да цвикне од некоја кочина и еве ги на гости. Ја отвораат кочината, небаре да е нивна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин го фрлија Миничето од Маѓеровци. Тоа цвикна еднаш, и пламенот, ко со раце, го прегрна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште од скалите го удри интернатската миризба на ходникот - лимени кофи, мокри крпи, вечерни дежурства и цвикнати догорчиња.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)