цвилеж (м.)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Песоглавиот одвреме-навреме ја отвораше устата од која излегуваше неподнослива реа и цвилеж.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Онде, кај оградата Мурџо како да знае дека Пелагија не може да го наваби сонот и одвреме-навреме испушта некој чуден цвилеж, нешто што кажува дека и тој сочувствува со неа, заедно како да го преживуваат времето од нивното доаѓање во Скопје.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во тој момент, баш откако го изговорив зборот „гладен“, цревата повторно се побунија, но овој пат со полифоничен цвилеж.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)