цело (ср.)
Општата радост и жалост, општите преданија и обичаи нѐ прават сите нас едно цело – еден народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
После, сите, од Македонците се готови да направат отстапки од своја страна за обединувањето во едно национално цело, но ни еден од следбениците на трите национални пропаганди нема да ја изневери својата пропаганда за да капитулира пред друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И тие тогаш ќе се плиснеа во една игрива група, која секогаш беше нешто цело за себе, а која знаеше напросто да се изгуби низ тие бучни улици, да се расплине низ нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Чекај. Не целото. Кој ќе го запамети.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И се молев така за душата на Писмородецот, а тој ме биеше додека не го уби Бога во мене, и потем рече: „Рацете ќе ти ги исечам ако уште еднаш те видам да сочинуваш од многу нешта едно, цело“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сфаќав дека сѐ што наоѓам се само фрагменти. Како да се состави целото?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тргнувам од сознанието дека ниедна од двете половинки на целото не е иста со другата. Тие меѓу себе се само - комплементарни. Како Адам и Ева; како идеално на две пресечено јаболко; како 1/2 + 1/2 = 1.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Не само како доказ дека спротивностите се привлекуваат, туку и дека одбивањето се спојува - во едно цело, како зрело овошје, кое навидум под секој притисок може да се преполови, а сепак се задржува споено во близначки од семката до јадрото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нека бидат делливи, да не би да се вратат
назад и да станат повторно она што биле:
едно, цело, совршено солило
андрогино море- копно...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сѐ едно исто во различното!
Сѐ едно цело расчестено!
Злодобар Дух, првотен Бог!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Топката е седмата димензија или вечноста на целото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)