црцорење (ср.)
Од каде штурец, си мислам, па после тоа црцорење ми иди како тропање на матерки, на вилушки, на лажици.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Црцорењето пак ми се враќа и ме занесува во некои места коишто однекаде ги знам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од малото сопче на источната страна од куќата, бидејќи стаклото од прозорецот беше се скршило и бидејќи таа соба не ја употребував ни јас сега, ниту ја употребувавме при поранешните доаѓања со Агна, слушав црцорење на ластовички.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Црцорењето сега ми беше мило, убаво друштво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Убаво го распозна францускиот јазик на кој пееја девојките и кој како да беше акцентиран со црцорењето на птиците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)