чекач м.

чекач (м.)

Па ајде - сватовите, чекачите, закониците, - излегувај надвор и реди крвчиња по патот, во калта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Ама признајте дека сте Хрватка и решен проблем - добронамерно шепна чекачот зад мене. - Не можам - реков.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еден ден поставија прислушни уреди, антени, радари, детектори, рефлектори, наслушувачи, ѕиркачи, чекачи не би ли нашле дира и алира од уривачот, но него никако и никаде да го откријат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само лицемерни не се бакнуваат Потпрени еден на друг, споени во едно, со испреплетени раце и залепени усни, во купчето луѓе, чекачи на автобусот број 5, уживаат во бакнежите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А тој покрај неа, со тик кој го добил со тежината на криминалот што го направил во својата фирма, постојано фрла поглед наназад, целиот претворен во чекач на лисици на двете раце и окови на двете нозе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)